Skip to main content

ЈП Охридски Комуналец

И покрај вонредните акции на Комуналец, продолжува несоодветното одлагање отпад

Екипите на ЈП Охридски Комуналец изминативе денови реализираа вонредни акции за подигање зелен и кабаст отпад при од само пет улици подигнаа 64 м3 отпад
 |  инфодеск  | 

И покрај вонредните акции за зелен и кабаст отпад, граѓаните тешко ги менуваат своите навики покажувајќи ја само ниската еколошка свест, велат од ЈП Охридски Комуналец.

„И покрај нашите редовни акции според годишниот календар за 2023 год., кои на транспарентен начин навремено се објавуваат за полесно да допрат до граѓаните од секоја урбана заедница, секојдневно сме соочени со расфрлање на отпад и создавање мини депонии во секое урбано катче.„ – посочуваат од комуналното претпријатие.

Екипите на ЈП Охридски Комуналец изминативе денови реализираа вонредни акции за подигање зелен и кабаст отпад од ул. Петрино, ул.Радојца Новичиќ, ул. 28.ми Април , ул.Мирче Ацев и ул.Галичица од каде се подигнати 64 м3 отпад