Skip to main content

И во есен Охрид полн со туристи

За продолжениот празничен викенд Охрид полн со туристи. Голем број странски групи секојдневно го посетуваат главниот туристички центар.
 |  инфодеск  | 

Убавото есенско време и поволните аранжмани причина за солидна исполнетост на главниот туристички центар и во овој период од годината.
Забележително е присуство на голем број странски групи а најактуелни се балканските кружни тури.

Според туристичките работници 2023 испишува рекорди по посетеност и број на ноќевања, како никогаш претходно годинава имаше туристи од сите страни на светот.

„Видно може да се забележат туристи од соседните земји, туристи од Турција, туристи од Скандинавските земји, а сето тоа допринесува Охрид да живее во една убава раздвижена атмосфера “, вели Челик Асим партнер агент на тур операторот ТУИ.

Туристичките работници велат веќе се прават подготовките и се склучуваат договорите со тур опраторите за следната туристичка сезона.

„Веќе потпишуваме договори за следната сезона , најавите се добри значи договорите се во тек некои се веќе потшишани така да енергично се подготвуваме за наредната сеозна 2024 која се надеваме дека ќе биде уште подобра од оваа“, – додава Асим.

За идната година се очекува зголемување на бројот на холандските и англиските туристи за 15-20 проценти.

Новинар Соња Рилковска