Skip to main content

И во охридските училишта одбележан Светскиот ден на детето

Преку игра, песна и читање на правата на децата и во Охрид беше одбележан светскиот ден на детето. при што уште еднаш беше потсетено дека децата се основата на ова општество и дека од тоа какви деца ќе имаме зависи и успешноста на една држава.

 |  Јаковлева Лионела  | 

„Стоп на насилството врз децата“ – под ова мото денеска се одбележува 20-ти ноември Светскиот ден на детето. Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија, подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот.

Да им посветиме повеќе внимание на децата што повеќе да разговараме со нив, да им даваме љубов, бидејќи сега се садат вистинските вредности од кои подоцна треба да ги жнееме плодовите, вели одделенскиот наставник Јулијана Шишоска.

Во ОУ „Христо Узунов“ преку игра песна и читање на правата на децата беше одбележан Светскиот ден на детето. Како што истакна Шишоска, по правило, секој ден треба да биде ден на детето и сите заедно, и семејството, и институциите, да се грижиме да израснеме и воспитаме добри и квалитетни генерации.

Во последно време како да е подзаборавена воспитната компонента и тоа не само во училиштата, туку и дома. Родителите во трка по заработка, наставниците во трка за исполнување на своите работни обврски, како да подзабораваме дека покрај учењето, воспитувањето е најважно за децата, вели Шишоска.

Според податоците од УНИЦЕФ, за жал, секоја година милион деца во светот се жртви на сексуално злоставување, експлоатација и трговија со луѓе.

Инаку, Светскиот ден на детето, 20-ти Ноември, се одбележува од 1954 година. На денешен ден во 1959 година Генералното Собрание на ОН усвои Декларација за правата на децата.