И за празниците може да се јаде богато и здраво
Во продавниците на Healthy food- Зегин голем асортиман на растителни органски производи со кои можат да се приготват здрави и вкусни јадења. За празничните трпези мрсните и калорични салати може да ги замените со салата од органски тестенини. Граѓаните се повеќе ги препознаваат придобивките од конзумирање здрава и органска храна па ја вклучуваат во својата секојдневна исхрана. После обилните празнични трпези и мрсната храна многу важна е детоксикацијата на организмот.
Наближуваат новогодишните и божиќните празници, а со тоа и обилните празнични трпези. Богатата трпеза не мора да биде и калорична бомба за организмот која лошо влијае на здравјето. Во продавниците на Healthy food- Зегин голем асортиман на растителни органски производи со кои можат да се приготват здрави и вкусни јадења. За празничните трпези мрсните и калорични салати може да ги замените со салата од органски тестенини од киноа со органски грав и пченка, зачинети со органска јаболкова киселина и органски ѓумбир во прав, а за оние кои се љубители на слаткото има посна бајадера. Граѓаните се повеќе ги препознаваат придобивките од конзумирање здрава и органска храна па ја вклучуваат во својата секојдневна исхрана.
За зајакнување на имунитетот во овој зимски период може да се конзумираат Супер Храните кои се едни од најбараните во овој период. Најинтересни за потрошувачите се каму бобинките кои се богати со витамив Ц и бројни хранливи материи, органско цвекло во прав , органски суров полен кој по својот состав е богат со витамини Б1, Б2, Б9, Е, бакар, селен, фосфор, калциум, калиум и цинк. Многу барана е и органската спирулина во прав која е слатководна алга, богата со протеини, фосфор, магнезиум, калиум и цинк.
После обилните празнични трпези и мрсната храна многу важна е детоксикацијата на организмот.
За таа цел ви ги препорачуваме производите како што се Грин микс и Детокс микс кои во составот содржат органска спирулина, хлорела, пченична трева, јачменова трева во прав кои помагаат за прочистување на организмот од штетните материи. Неизоставен дел за детоксикација на организмот е и алкалната вода Неро Критиз која е амбалажирана во нетоксична пластика и која придонесува за алкализација на организмот, вели Александра Климоска од Healthy food – Зегин.
Во охридската, специјализирана продавница за здрва храна, Healthy food на фармацевската компанија Зегин, граѓаните покрај храна од органско производство можат да набават уште многу други производи кои ќе им помогнат да го зајакнат имунинтетот и здрави да го поминат зимскиот период кој е познат по вируси и настинки.