Skip to main content

Јп билјанини извори

Идејата за хуманитарни паркинзи дава резултати

Хуманитарните паркинзи во Охрид се користат, но не пречесто. Директорот на ЈП „Билјанини извори“ смета дека овие паркинзи се јасно обележани, потенцира дека цената е иста како и останатите. Граѓаните не треба да ги мешаат со паркинзите наменети за лицата со попреченост, туку често да ги користат овие паркинг места од кои наплатата оди во хуманитарни цели.
 |  инфодеск  | 
Хуманитарни паркинзи

Првите хуманитарни паркинзи во Охрид обележани годинава на Кеј Македонија се користат, но не пречесто. Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ на предлог на Градоналникот Кирил Пецаков во екот на летната сезона одвои две паркинг места и ја оформи паркинг зона Х, непосредно пред пресекот на Кејот со улица Јане Сандански.

Теодор Андоноски, директорот на претпријатието смета дека овие паркинзи се јасно обележани, потенцира дека цената е иста како и останатите. Граѓаните не треба да ги мешаат со паркинзите наменети за лицата со попреченост, туку често да ги користат овие паркинг места од кои наплатата оди во хуманитарни цели.

Кога ги оформивме хуманитарните паркинзи, ги обележавме со црвена боја и со срце, чисто да бидат маркантни и на нив беше поставен знак за да можe граѓаните да знаат дека тука се работи за хуманитарен паркинг и да ги користат што почесто тие паркинзи. Цената е иста како за А зона, за тој дел на паркирање, на зима е 30 денари, a 40 денари по летниот ценовник – истакна Андоноски.

Пресекот на наплата кој исклучиво е преку смс пораки, од поставување на 20 јули, па заклучно со месец октомври покажува дека е прибрана солидна сума во износ од околу 800 евра, смета Андоноски. Средствата надополнети со оние кои ќе се приберат до крајот на годинава, ќе бидат донирани во консултација со Градоначалникот на Охрид.

Наплатата е тука исклучиво преку смс, бидејќи тука можеме да имаме контрола колку средства се одлеале преку смс паркинг. Во однос на приходите досега од почетокот, вкупно се собрани 48 860 денари, без ноември. Планот е за таму каде што ќе биде најпотребно да се достават тие средства. Идејата е на Градоначалникот за хуманитарните паркинзи, на крај на година ќе пресметаме колку точно средства се одлеани и заедно со градночалникот ќе утврдиме, каде би се слеале тие средства – вели Андоноски.

Охрид е првиот град во државава кој воведе хуманитарни паркинзи, исто така постои идеја по целосно завршување на бул. „Македонски Просветители“ да се воведат хуманитарни паркинзи и на други локации.