Традиционална вечера
Ифтарска вечер во Охрид
Во организација на градоначалникот Кирил Пецаков вечерва се одржа Ифтарска вечер за граѓаните од муслиманска вероисповед.
Градоначалникот Кирил Пецаков вечерва организираше Ифтарска вечер за граѓаните од муслиманска вероисповед. Оваа вечер се организира во духот на меѓусебното разбирање, почитување, толеранција и соживот.

Ифтарската вечер под покровителство на градоначалникот на Општина Охрид се организира традиционално години наназад, со цел да ги зајакне односите помеѓу охриѓани и да испрати порака за хуманост и солидарност.



