Игра, забава и дружење за децата од ранливите целни групи
Деновиве во Охрид, над илјада малечки херои уживаа во убавините на Охрид.
Деновиве во Охрид, над илјада малечки херои уживаа во убавините на Охрид. Искуство кое кај секој од нив ќе остави посебен впечаток.
„Јас најмногу уживав во маскембалот, кадев преправена во балерина. Има премногу впечатоци, би ги издвоила забавите навечер, организиравме и маскенбал. Преку деновите имавме водени лудории, натревари во пливање, каде сите се забавуваме, прекрасно се дружевме и пријателствата се повеќе се проширија. Можам да кажам дека сум навистина задоволен, со децата многу се дружевме, бевме во Езерски бисери во Струга и во Охрид на прошетка, се е супер, ни се погоди времето, велат учесниците на кампот.
Инаку ова лето се организираа 3 летни кампови за 100 деца од ранливите целни групи деца без родители, деца од социјално ранливи категории семејства како и деца истакнати членови на Детската Амбасада. За целта на овие летни кампови проговори и Камчески Трајче, дете амбасадор.
„Целта на овие кампови е ресоцијализацијата за правилен психо-физички развој на децата од нашите целни групи и едукација на ненасилна толеранција и комуникација,“ објаснува Камчески.
Дамјан Стојаноски, Генералниот секретар на Детската амбасада вели дека за поздравување се напорите на преставниците од бизнис секторот од нашата држава, кои се трудат да помогнат како знаат и умеат, бидејќи добри луѓе со големи срца ќе има секогаш, луѓе кои знаат дека добрината која ја прават неколку пати ќе им се врати назад.
„ Од оваа година фирмата „Гранит“, како пријател на Детската амбасада, ги отвори вратите сите деца, над 18 години кои се деинституционализираат кои завршуваат со престојот во домовите, можат слободно доколку имаат амбиција за вработување во градежништвото, да се обрата на вратата на Детската амбасада или на вратата на „Гранит“ каде ќе имаат приоритет при нивното вработување“ потенцира Стојаноски.
Инаку до оваа година во Охрид, а во организација на Детската Амбасада реализирани се голем број вакви летни кампови во кои учество имаат земено над 1000 деца.
{loadposition content9}