Денес се одвиваат подготвителни активности за поставување на подлогата на повеќенаменското игралиште во Велгошти.
Со овие активности, односно после поставувањето на горниот слој од подлогата градежните зафати ќе финишираат. Со тоа Велгоштани ќе добијат современо повеќенаменско игралиште. Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 3 700 000 денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.