Игри без граници
Добро е да се потсетиме на игрите без граници. Челновите на македонските здруженија за глуви и наглуви лица го одбележаа меѓународниот ден на глувите лица. Тие преку дружба, игра, разни водени лудории се натпреваруваа, и уште еднаш упатија апел дека постојат и се видливи во нашето општество.
Полнење на кофи со вода, пукање балони во вода, се само дел од активностите на Игрите без граници. И годинава членовите на македонските здруженија за глуви и наглуви лица го одбележаа меѓународниот ден на глувите лица. За среќа утрово и времето ги послужи, па она малку сонце што огреа максимално го искористија. Домининираше натпреварувачкиот дух, додека пак целиот амбиент на плажата кај хотелот Далјан во истоимената охридска населба беше исполнет со радосни и насмеани лица.
„Одбележуваме по повод 28 септември, но годинава ги поместивме, сакавме да бидат во потопло време, ги одржуваме секоја година како одбележување на денот. Многу сме задоволни глувите, учествуваме 18 здруженија на глуви од секој град имаме по 4 претставници се на се сме околу 50 учесници имаме обезбедени награди за прво, второ и трето место кои ќе ги доделиме на на свечената вечера“ – нагласува Васко Марков, претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица.
Одбележувањето на меѓународниот ден на глувите не е ден за прослава но е ден за дружба, размена на искуства и раскажување на обичните случувања вели Славица Стефаноска, директорката на хотел Даљан Охрид.
„Од самите снимки ќе видите дека ова се игри од забавен карактер, бидејќи учествуваат натпреварувачи од различни години и различна физичка подготвеност. Игрите се забавни не мора да се плива , нешто како порано што беа Игрите без граници“ – вели Стефаноска.
Организатор на манифестацијата „Игри без граници“ која веќе неколку години се одржува во Охрид е Националниот сојуз на глуви и наглуви лица.