Вчера Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.
Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите потенцирајќи дека одбраните кандидати уживаат најголема доверба меѓу граѓаните. Одбрани се 25 кандидати за градоначалници, а според рејтингот, сите кандидати водат со 4 пати разлика, а во некои општини и 5 на 1.
1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски
–Се работи за чесни, одговорни, работни и експидитивни луѓе. Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници кои направиле вистинска трансформација во нивните општини. Дел се луѓе кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои досега се водени од кадри на СДСМ, изјави Сајкоски.