Skip to main content

ИКТ технологијата во образованието во Охрид

Претставници на 24 земји, учесници на Лидерската конференција за ИКТ во образованието, денеска го посетија основното училиште „Св. Климент Охридски“  во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ivo Ivanovski
Иво Ивановски

Иво ИвановскиПретставници на 24 земји, учесници на Лидерската конференција за ИКТ во образованието, денеска го посетија основното училиште „Св. Климент Охридски“  во Охрид.

Експертите по информатичка технологија, задоволни од напредокот во образованието кај нас во последниве две години.

Основците од О.О. „Св.Климент Охридски“ го презентираа користењето на преносните компјутери. Пред експертите по информатичка технологија од 24 држави од светот, учениците од 3-то и 4-то одделение ги покажаа знаењата од сферата на информатиката. Џон Дејвис заменик претседател на компанијата „Интел“, задоволен од напредокот во образованието.

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, кој беше дел од делегацијата која го посети ова основно училиште, потенцира дека за потребите на учениците од пониските одделенија се набавени 53.000 соодветни преносни компјутери, а планирано е со тоа да се опремат сите основни училишта. Ивановски додаде дека станува збор за долгорочен проект, чија намера е образовниот систем да се направи поинтересен и поинтерактивен. Проблемите со кои се среќаваат се очекувани, информира министерот.

kompjuter

Директорката на училиштето, Славица Илиќ, изјави дека успешното функционирање на оваа образовна установа е заслуга на повеќе фактори. Илиќ потенцира дека постои континуирана соработка со локалната самоуправа од градов. Заедно со нив се наоѓаат пред самиот крај на заокружување на инфраструктурните зафати врз ушилиштето.
Директорката Илиќ додва дека денешнето одсуство на претставници од Локалната се должи на нивните  професионални обврски. Поради тоа Илиќ зоборуваше во нивно име. Лидерската конференција за ИКТ во образованието е во организација на министерствата за информатичко општество и за образование и наука на Република Македонија, а е под покровителство на Интел. На конференцијата учествуваат повеќе од 120 експерти по информатичка технологија од 24 земји од светот.

{loadposition content9}