Skip to main content

Stand up comedy

Илиќ, Силиќ и Шиља на SUMMER COMEDY MARATHON

Ретка можност да ги гледате во живо извонредните: Никола Силиќ, еден од најдобрите стендап комичари на просторите на бивша Југославија; Ненад Шиља Стефановски, горд Македонец кој 20 години живее во Белград и Влад Илиќ, имигрантот во Лондон.
 |  инфодеск  | 
Влад Илиќ

Продолжува фестивалот на смеата. SUMMER COMEDY MARATHON 2022 на огромно задоволство на љубителите на стенд ап комедијата ги носи во Охрид Влад Илиќ, Никола Силиќ и Ненад Шиља Стефановски.  

29.07.2022 JAZZ INN 20:00

Влад Илиќ – MY NAME IS IMMIGRANT
(Шоуто е на Англиски јазик)

Влад Илич е ѕвезда на комедијата во подем! Неговиот стил е и личен и набљудувачки, црпејќи инспирација од неговите сопствени уникатни перспективи како милениумски источноевропеец кој живее во Лондон. Влад се појави на BBC Radio 4 Extra и BBC Three. Како актер, тренирал во Малта, Шкотска и САД. Неговата комедија допира теми како што се имиграцијата, секојдневниот живот во Велика Британија и неговите културни и лични набљудувања како имигрант кој живее во Лондон. Тој е и многу пристоен мијач на автомобили. Во 2019та година победи на Up The Creek’s One to Watch, како и на The Stand Up Club со новиот стрип на годината. Влад е актер, стенд ап комичар и писател чие време допрва доаѓа. Тој се пресели во Лондон пред две години и оттогаш неговата стенд ап кареира е во подем.

30.07.2022 JAZZ INN 20:00
Никола Силиќ

(Шоуто е на српски!)

Ретка можност да го гледате во живо еден од најдобрите стендап комичари на просторите на бивша Југославија. Никола Силиќ е стендап-комичар и голем обожавател на Лорем Ипсум, кој често се користи во печатот наместо вистински текст за да се види како страницата изгледа исполнета. Понекогаш наместо тоа се вметнуваат познати факти како „дали знаевте дека бил Наполеон“ и „тревата е секогаш зелена каде што умрела кравата на соседот“! Насликал платно, му дале награда. Направил фотографијата во Фотошоп, му дале награда. Направил анимиран филм, му дале награда. Смислил оглас, му дале награда. Но, тој најмногу се гордее со својата скромност. Тежи 100+ кила, што звучи многу полошо кога се вели дека е 0,1 тон. Едноставно доаѓа генијалецот на стендапот.

31.07.2022 JAZZ INN 20:00
Ненад Шиља Стефановски

(Шоуто е на српски!)

Ненад Шиља Стефановски, по потекло горд Македонец, така и се потпишува. Сепак, во далечната 1999 фаќа пат накај Германија, но како среќа во несреќа (или обратно), застанува во Белград за да ја види куќата на Цеца и еве веќе 20 години како е заглавен таму. Притоа успева да го направи скоро невозможното – да направи успешна кариера како стендап-комичар со повеќе од 500 настапи во изминатите 6 години! Да, тоа е околу 80-90 настапи годишно, ние ја направивме математиката за Вас. Ненад конечно реши да се врати дома и да го направи она што до сега не смеел, да настапи пред поблиската фамилија, комшиите и актуелното гласачко тело.

Картата изнесува 300ден, а може да си резервирате на телефонскиот број 075 283 066.

SUMMER COMEDY MARATHON 2022 е помогнат од ресторант Летна Бавча Канео и Irish Pub Five.