Skip to main content

Илинден без знамиња во Струга

Дали денеска е 02 август – ден Илинден и во Струга?

 |  Маленкова Татјана  | 
stuga znaminja
струга знамиња

 

Локалната самоуправа случајно или намерно изумила дека на државни празници треба да се истакне државното македонско знаме, по улиците, но и пред државните институции.  Спротивно на ова, во Струга не забележавне ниту едно знаме. Граѓаните револтирани, но се плашат да коментираат пред камера. Оние похрабрите пак кои проговорија велат дека ова не е прв пат во Струга да не се почитуваат државните симболи.

Реакција и од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга. Претседателот и секретарот на ОК обвинувањата ги упатија лично до градоначалникот. Тие велат дека Села со овој потег го покажа вистинското лице.

„ Градоначалникот Села си го покажа лицето. Сето она што после изборите го кажуваше дека  е за соработка и дека е градоначалник на сите граѓани на Струга, денес паѓа во вода. Како што гледате на Strugaнашиот најголем национален празник  кога славиме три јубилеја, тој се дрзна да не го истакни  дежавното знаме како што налага и законот, се со цел најверојатно да го изреволтира македонското население. Сметам дека  градоначачникот требада размисли два пати за постапката која ја направил  и да се корегира. Оставаме на институциите да изреагираат соодветно“, истакна претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга,Перо Петкоски.

„Иако градоначалникот Села  после добивањето на мандатот најави дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на општина Струга, во неколку наврати се докажа дека не е така. Денеска на првиот голем верски празник  тој докажа дека не го почитува македонското население во Струга. Со неистакнувањето на македонското знаме, тој направи голема навреда како и на законот така и на македонското население во Струга и ова нема да  му се опрости и да му се дозволи и понатака истото да се случува“, истакна секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга,Ѓоко Илоски.

Очигледно на Градоначалникот пак Зијадин Села, не му се потребни истакнати знамиња на р Македонија за да знае дека денеска е државен празник. Илинден кој е неработен ден за сите граѓани на Р македонија и тој си го искористи за одмор и не беше  на своето работно место. Но во телефонскиот разговор ни вети објаснување за пропустот, откако како што рече ќе се консултирал со општинските служби. Одговор не добивме.

{loadposition content9}