Skip to main content

Илинденски пливачки маратон по 34 пат

32 пливачи од 15 клубови од Р. Македонија утре ќе бидат дел од традиционалниот мал илинденски пливачки маратон. По 34 пат македонските натпреварувачи, поделени во две групи, преку овој маратон, ќе го одбележат еден од најголемите денови во македонската историја, празникот Илинден.

 |  Николоска Биљана  | 
maraton
маратон

maratonУтре по 34 ти пат во водите на Охридското езеро ќе се одржи малиот илинденски маратон. На него ќе видиме 32 пливачи од 15 клубови од Р. Македонија. Секретарот на ПК „Охридски бранови 2008“, Никола Маленко, вели дека иако се вика мал илинденски маратон, неговото значење е огромно, бидејќи се одржува по повод големиот македонски празник „Илинден“.

„Еден мал куриозитет, годинава ќе настапи дете, пливач од Битола со неполни 10 години а највозрасниот натпреварувач има 42 години. 02:20 + 03:27 Друг куриозитет за мене е што нема претставник од Струга, незнам што е работата, најверојатно не се доволно спремни како што изјавија нивните претствавници од клубот.

Околу подготовките за маратонот збор два кажа Катерина Стојаноска, тренерот во Школата за пливање на ПК „Охридски бранови 2008“. Таа истакна дека децата се пресреќни и горди се што ќе земат учество на илинденскиот маратон. Додаде дека кај нив преовладувал ентузијазмот и настапот на маратонот бил голем предизвик за нив. Воедно Стојаноска  упати апел до сите деца кои сакаат да научат да пливаат како и да тренираат, да се обратат до нив, местото каде што се наоѓа клучот на успехот во пливањето.

maraton „Оваа година ќе настапиме со две дечиња Наумоски Јован и Тасеска Ангела. Тренираме секој ден по 45 минути, понекогаш и два пати на ден, за да се подготвиме за малиот илинденски маратон. И покрај тоа што финансиски бевме слаби со помош на Локалната успеавме да исфрлиме две деца а до година имаме големи ветувања за поддршка од Локалната“.

Организатори на малиот илинденски маратон и годинава се од ПК „Охридски бранови 2008“, а покровител е Советот на општина Охрид и други спонзори. Годинава за прв пат организаторите одлучиле стартот на маратонот да биде во утринските часови, односно во 10 часот повозрасната група додека пак стартот за помладите 15 минути подоцна,. Ќе се плива на патеката Горица – Охрид во должина од 2, 5 км со старт од кај поранешниот хотел „Парк“, до градското пристаниште во Охрид. Исто така годинава наместо дипломи за учество во малиот илинденски маратон, организаторот обезбедил медаља за секој учесник а за првите тројца парични награди. Пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу 10 часот и 30 минути.

{loadposition content9}