Skip to main content

Педагогија

Има се помалку матуранти

Од година во година се намалува бројот на матурантите. Пандемијата, пак ќе остави негативни ефекти врз знаењето на учениците. Педагозите сметаат дека се потребни вистински реформи за врвна едукација во образованието.
ucenici

Педагозите отворено проговорија за проблемите пред кои е исправено современото образование. Загрижени се од последиците кои ги носи новото време.

Како најгорливи ги посочуваат прашањата пред кои сме исправени како општество, а кои допрва ќе се почуствуваат во општествената заедници. Сето тоа како последиците од пандемијата и големиот бран на миграција на младите луѓе.

Проф. д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет, за миграцијата на младите луѓе, вели дека не е проблем од кој е зафатена само Македонија, туку целиот регион па и Европа. Во последните 10 години има 40 проценти помалку матуранти. Ние гледаме голем предизивик за образованието покрај пандемијата и во миграцијата ако не се реши нема да може да зборуваме за просперитет на општеството, вели Дуев.

Со овој проблем се судира целиот регион, но и пошироко. Европа губи со миграцијата годишно околу 900.000 луѓе. Вo следните 10 години на Европа ќе и требаат 9 милиони работници. Ние треба да се запрашаме кои се нашите перспективи. Тоа е сложен проблем, да работиме како да ги задржиме младите дома, да им нудиме поквалитетно образование и да ја намалиме миграцијата на младите кадри во поразвиените земји – вели проф д-р Дуев.

Проф. д-р Елизабета Томевска Илиевска, раководител на Институтот за Педагогија зборуваше за последиците од пандемијата кои ќе следуваат во образовниот процес.

Во годините што доаѓаат ќе се почуствува големиот проблем кој го направи пандемијата врз психо-социјалниот развој кај децата и младите. Бевме затекнати во поставување на наставните програми, со скратување на наставните содржини и програми. Дали се употребуваа соодветни методи и техники за следење и развој на постигнатото знаење на учениците? Не сум сигурна дека наставата се одвиваше во целост. Наставниот кадар мора да има трпение и разбирање, да се работи на социјално-емотивниот аспект кај децата. Ако е можно да направиме компензација на пропуштениот материјал – укажува проф. д-р Томевска Илиевска.

Педагогијата е основна движечка сила на едно општество. Педагозите постојано се справуваат со низа предзивици, реформи и промени. За едно развиено опшетство е потребно унапредување на педагогијата која има клучна улога во квалитетно образование.

Со став се дека на образованието му се потреби вистински реформи кои ќе ги следат тенденциите, стандардите и вредностите на високото образование во Европа. Реформи треба, но да поминуваат преку стручни и професионални лица за да се постигне врвна едукацијата во основното, средното и високото образование и кај нас.