Skip to main content

Народен театар охрид

Импровокација вечерва на својата матична сцена

Култното шоу „Импровокација“ вечерва се враќа на својата матична сцена, Народен театар Охрид. Почеток во 20 часот, а билетот ќе чини 250 денари.
 |  инфодеск  | 
Импровокација

„Импровокација“ на Summer Comedy Marathon ’22 повторно се враќа во Народен Театар Охрид – сцена КЕРАЛ. Шоуто е закажано за вечерва со почеток во 20 часот.

Култното шоу во кое додека не започне никој, дури ни изведувачите не знаат што ќе се случи, повторно се враќа на својата матична сцена.

Неверојатна театарска импровизација која веќе 7 сезони се случува секогаш премиерно затоа што вие предлагате во која насока ќе се одвива шоуто. Шоу во кое за ваше трајно задоволство ќе се погрижат импровокаторите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, Никола Јосифоски и Филип Ангеличин Жура.

Картата за шоуто ќе чини 250 денари. Резервации на 075 283 066.

Во продолжение погледнете го видеото.