In memoriam Димче Димоски
Денес на 79 годишна возраст почина Димче Димоски, кого повзорасната генерација охриѓани го паметат како киноапаратер во киното „Охридско езеро“ и подоцна во центарот за култура „Григор Прличев“.
Денес на 79 годишна возраст почина Димче Димоски, кого повзорасната генерација охриѓани го паметат како киноапаратер во киното „Охридско езеро“ и подоцна во центарот за култура „Григор Прличев“.
Димче Димоски целиот свој работен век го помина како киноапаратер низ чии раце поминаа километри филмска лента, грижејќи се кино проекциите да поминат во најдобар ред.
Иако неговото работно место беше далеку од очите на посетителите, неговото отсуство не можеше да не биде забележано, а ќе остане забележано и неговото сеќавање во двата документарни филмови во кои се забележани неговите сеќавања за златните години во прикажувачката дејност овде во Охрид.
Погребот на посмртните останки ќе биде извршен утре на градските гробишта во охрид. Во знак на сеќавање на Димче Димоски, денес на програмата на ТВМ со почеток во 21:30 часот ќе биде емитуван документарниот филм, „Охридското кино Парадизо“.
{loadposition content9}