Skip to main content

Сликата на Кемал Ататурк предизвика мал инцидент во ОУ Братство Единство


Сликата Ататурк ги разбранува страстите помеѓу нставниот кадар во ОУ Братство Единство.

 |  Маленкова Татјана  | 
Ataturk Kemal
Ататурк Кемал

Сликата  на основачот на модерна Турција Kемал Ататурк ги разбранува страстите помеѓу нставниот кадар во ОУ Братство Единство. Дознаваме дека во понеделникот се случил инцидент кога професорка од турска националност сликата од Ататурк ја поставила над таблата во училница по одделенска настава. Во телефонскиот разговор таа ни образложи дека неодамна од директорот побарале и добиле дозвола во училницата по одделенска настава да постават слика од основачот на модерна Турција. Но според нејзиното кажување одкако сликата била поставена, истата предизвикала револт кај нејзината колешка.„Исклучително ми е жал што дојде до ваков настан, но брзо го решивме“, вели професорката по македонски јазик Билјана Тодороска.

„Јас влегов на првиот час и веднаш забележав рекација на учениците, ми посочија дека на таблата има Muarem Doko слики. Кога ги видов со сиот почит и респект према делото на Ататурк им кажав на децата, дека местополжбата на која беа поставени сликите, не им е тука. Да јас бев таа која им посочив да ги сменат столчињата на другата страна. Имавме и презентација мене би беше потребен и делот од ѕидот за презентациите“, додава професорката по македонски јазик, Билјана Тодороска.

Таа додава дека главна карактеристика на училиштето е соживотот, па се надева дека овој мал инцидент нема да ја наруши хармоничната атмосвера во училиштето.Никакви предрасуди немам во однос на турските, албанските и сите други етнички групи. Од се срце давам се да ги воспитувам учениците да живеат во соживот и да се сакаме, вели професорката Тодороска.

Муарем Доко, директор на училиштето тврди дека случајот со сликата на Ататурк, не преставува никаков инцидент. Тој открива дека сликата пред неколку години ја добиле како подарок од инвеститори од Турција и истата три години стоела во едно одделение, а потоа уште три години низ подруми и библиотеки. Се до понеделникот кога наставничката по турски јазик побарала од него сликата да  се постави во одделението.

Ataturk Kemal„ Сликата јас ја поместив како директор. Инаку наставничката како ја поставила јас незнам. Хаусмајсторот не ја поставил и сликата не е употребена само за часот, туку за да стои тука. Но по правилата на МОН, ДПИ, БРО , секоја готова слика може да се користи како нагледно средство во текот на часот. Јас неможам да барам одговорност, без да се докажи нешто. Јас одржав консултативен состанок со сменоводителот од турски паралелки  и оделенскиот совет од турските паралелки тие треба со мене, а не со политичките партии“, вели Муарем Доко, директор на ОУ Братство Единство.

Доко признава дека решение за проблемот побарал и од државниот просветен инспекторат. Инспакторката која дошла на увид им посочила дека во одделенија според законот за образование не треба да има истакнати слики со верска и политичка содржина, освен ако станува збор за раковорби изработени од учениците.

Сликата сега се наоѓа во холот на чилиштето. Неофицијално, постојат размислувања во иднина сите слики со верска и политичка содржина да се отстранат и во училиштето да се направат македонско, турско и албанско катче.
Инаку во братство единство настава на  македонски наставен јазик следат 627 ученици,  337 учат во албанските паралеки и 180 во турските паралаки.

{loadposition content9}