Skip to main content

Инцидентите во училиштата опаѓаат-мирот го чуваат агенциите за обезбедување

Редот и мирот во охридските основни и средни училишта е на високо ниво.

 |  Валентина Неловска  | 
deca
деца

Редот и мирот во охридските основни и средни училишта е на високо ниво. Оваа година биле регистрирани само 3 помали инциденти, 2 во средните и еден во  основните училишта.  Советодавната група граѓани составена од психолози, педагози од средните и основните училишта, полицијата, невладини органзаиции и центарот за социјални работи се задоволни од безбедносната состојба во охридските училишта. Ситуацијата е резултат на преземените превентивни мерки, укажува портпаролот на СВР, Стефан Димоски.
 школо

„ Улогата на агенциите за обезбедување е крајно поволна Очекувано е оваа мерка да биде и понатака  имплементирана. Но, за нас е најважно  ние како полиција да бидеме присутни да се гради партнерскиот однос со граѓаните, со образовните центри и на тој начин со младата популација, вели Димоски.

Од Локалната самоуправа напомнуваат дека ќе направат напор да обезбедат средства со кои ќе го продолжат ангажманот со агенциите за обезбедување да ги чуваат училиштата. Статистиката покажува дека во охридските училишта во 2009 година биле забележани 16 инциденти, во 2010 – 11, а пак 8 нарушувања на безбедносната состојба биле забележани минатата година. Од одделот за превенција при секторот за внатрешни работи го потенцираа и фактот дека  годинава бил во опаѓање и бројот на инцидентите во градот.

„ Ние во континуитет работиме на подобрување на безбедносната состојба. Изминатата летна сезона состојбата беше поволна ги немаше манифестациите кои значеа нарушувања од поголем и нанесување штета на  имиџот на градот. Таквата состојба е резултат на исклучителната добра поставеност на полциските службеници, превентивното  работење и  заедничките проекти со граѓаните“, нагласува портпаролот.

Советодавната група на граѓани денес го одржа 25 состанок. Дискусијата се одвиваше во насока на преземање на понатамошни превентивни мерки за што поголема безбедност во охридските образовни центри.
{loadposition content9}