Skip to main content

Министер за внатрешни работи

Спасовски : Инцидентот во Охрид е дел од хибридна војна

„Дел од хибридната војна против Северна Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“.
 |  инфодеск  | 
Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за последниот случај во Охрид смета дека е сценарио и дел од хибридната војна. Тој во емисијата „Утрински печат” кажа дека „од иста групација се и тие што тепаат и тие што се тепани”.

Луѓе од иста групација се и тие кои тепаат и тие кои се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. За секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и која било друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај – рече Спасовски.

Тој посочи дека за овој случај многу лажни вести се шират дека полицијата не реагирала кога било пријавено.

Веднаш откако е пријавено, полицијата отиде во болница да види што се случува, да земе изјави итн. Исто и од страна на болничките центри се преземени мерки за првично згрижување на пациентот – вели Спасовски.