Skip to main content

Социјално загрозени семејства

Инфлацијата го јаде оброкот при народните кујни

30-тина семејства од социјално ранлива категорија се обезбедуват со еден оброк дневно од народната кујна во Охрид. Но голема е веројатноста дека во Охрид бројот на лица кои во денот не можат да си обезбедат барем еден топол оброк е поголем. Народната кујна пак, со средствата кои ги добива од држава за приготвување на оброците едвај ги набавува потребните продукти поради растот на цените.
 |  инфодеск  | 
Студенски дом

Инфлацијата го јаде оброкот што државата преку народните кујни го дава на ранливите категории граѓани. Зголемувањето на цените на прехрамбените производи годинава имаат големо влијание и претставуваат проблем во работата на Нардоната кујна во Охрид. Кујната работи во рамки на Студентскиот дом и приготвува околу 80 оброци на дневно ниво наменета за социјални случаи од Охрид. Жарко Куциноски, директорот на Студентскиот дом, вели дека треба да се преземат мерки со кои би се нивелирал соодносот на дотацијата која ја добиваат за порција со цената на потребните продукти за нејзино приготвување.

Можам да кажам дека цената на еден оброк изнесува 72 денари надополнет со 5%данок тоа е 75,6 денари. Не е доволно со оглед на моменталната економска ситуација, односно економската криза не не одбегна и нас, ние ке побараме од Министерството за труд и социјална политика да биде покачена, ова веќе како што реков е многу мала цена. Она што го дибиваат социјалните случаи за таа цена е навистина смешно.“, истакна Жарко Куциноски.

Бројот на лица кои ги користат услугте на народната кујна одреден период е константен. Тоа може да се заклучи од списокот којшто кујната еднаш месечно го добива од Центарот за социјални работи. Но голема е веројатноста дека во Охрид бројот на лица кои во денот не можат да си обезбедат барем еден топол оброк е поголем од официјалната бројка.

Тој список не е фиксен, односно може да биде плус или минус. Моментално кај нас користат 33 лица , тоа се 75 оброци кои што ги делиме. Не е тој фиксен список, во зависност од тоа како се пријавуваат во Центарот за социјални работи, така и добиваат право на користење на социјален оброк. Терминот за подигање на социјалниот оброк е од 11 до 11 и 30 часот од понеделник до петок.“, кажа Куциноски.

Во петоците ги добиваат и останатите порции кои се предвидени за викенд.За приготвување на топлите оброци при Народната кујна која започна со работа во 2009 година, задолжени се шест вработени од студентскиот дом.Директорот Куциноски упати апел до граѓаните и фирмите кои се во можнсот да донираат храна за сограѓаните од ралнива категорија.