Инфо сесија за компании за финансирање одржлив развој во Ohrid Blue Economy Accelerator
На 19ти Мај (петок), во просториите на Ohrid Blue Economy Accelerator (при Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”) ќе се оддржи Инфо Сесија со цел презентација на тековниот отворен повик за финансирање на компании кои нудат одржливи решенија во областа на зелената и сината технологија.
Повикот нуди можност за аплицирање за грант во висина од 50.000 евра, како и приспособено деловно советување, изложеност на инвеститоритеи ментори, и пристап до модерен простор за оние кои се квалификуваат.
Сесијата е со почеток во 15:30 часот и присутните ќе имаат можност да се запознаат со критериумите за учество во акцелераторот, како и да ги постават своите прашања дирекно до организаторите на грантовата шема.
На настанот се добредојдени сите компании со седиште во Југозападниот регион на кои примарната дејност е во секторите на одржлив развој, производство и логистика, туризам и агрикултура, како и информатичка и комуникациска технологија.
Повеќе информации за отворениот повик можете да најдете на следниот ЛИНК.
Акцелераторот за сина економија Охрид го имплементира Prime Blue Institute од Охрид во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” -Охрид, Македонија. Програмата е поддржана од проектот #eu4eg, кофинансиран од Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) и германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски активности (BMWK).
Проектот е имплементиран од ГИЗ во партнерство со АСП и поддржан од БМВК и Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) како соработници.