Skip to main content

Прогласени за природна реткост

Информативни табли пред Чинарите и Кочеџикот

Поставени се информативни табли пред заштитените Чинари, како и дрвото Кочеџик во црквата „Св. Богородица Перивлепта“.
 |  инфодеск  | 
Информативни табли пред чинарите

Општина Охрид постави информативни табли пред сите заштитени Чинари и Кочеџикот, кои се прогласени за природна реткост.

Овој проект е дел од Програмата за заштита на животна средина и природа, а Одделението за заштита и влијание врз животна средина го реализираше со поддршка на ЈП „Градски Гробишта“.

Информативни табли пред чинарите

Информативни табли со основни информации за староста и називот на заштитените стебла се поставени пред чинарите: на плоштадот „Чинар“, во близина на Здружението на пензионери; во населба Воска; пред зградата на Црвен Крст; во Влашка Мала; во населба Кошишта и чинарот кој е во Централното градско подрачје, како и единечното стебло Кочеџик во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“.

Информативни табли пред чинарите

Бидејќи овие дрвја се прогласени за природна реткост забрането е поставување на плакати, летоци и некролози на стеблата и се упатува апел до граѓаните за поголема внимателност и грижа за зачувување на истите.

Информативни табли пред чинарите