Skip to main content

Ќе се подобрува инфраструктурата во градските гробишта во Охрид

Општина Охрид доби средства на првиот владин повик за инфраструктурни проекти за уредување на патеки низ градските гробишта. Реализацијата на проектот не е отпочната, а причината за тоа , според советникот од ВМРО НП , Ванчо Костоски е направен пропуст. Од локалната со објаснување дека она што не можело да се покрие со средствата добиени од унгарскиот кредит ќе се сработи со средства од општинскиот буџет, а ќе се вложи и во неопходна урбана опрема која 30 години ја нема во склоп на гробиштата.
 |  инфодеск  | 
Градски гробишта

Средствата наменети за подобрување на инфраструктурата во градски гробишта во Охрид не се искористени. Локалната самоуправа аплицираше на првиот владин повик за инфраструктурни проекти финансирани со унгарскиот кредит и беа одобрени средства за асфалтирање улици во склоп на градските гробишта. За причините зошто не е отпочнато со градежните зафати стана збор на последната седница на совет, а дискусијата ја покрена советникот од ВМРО НП, Ванчо Костоски осврнувајќи се на реализацијата на програмата за комунални дејности.

Од она што прашав на Комисија е дека проектот за Градски гробишта не е реализиран затоа што, тоа се однесуваше на асфалтирање на уличките низ гробиштата, меѓутоа не е реализирано затоа што после тоа се увидело дека треба да се направи и одводна канализација, бидејќи навистина гробиштата немаат одвод и при посилен дожд пливаат. Па во нардниот период, мислам дека се прави проект и општината ќе определела средства за прво да се направи одвод , што е нормално. Меѓутоа кога се поднесуваше проектот до владата имаше доволно време да се увиди дека не може само да се асфалтира бидејќи ова е видлив проблем. Парите што сега треба да ги дава општината ќе ги земевме од владата. – рече Костовски.

Тони Иваноски од Секторот за комунални дејности информира е избрана фирмаза изведба на работите, односно за изведба и асфалтирање на патеки низ гробиштата, испалтен е и авансот согласно склучениот договор помеѓу општината и министерството за транспорт и врски. Додаде дека на место е забелешката на советникот Костовски дека изведбата на канализационата мрежа можеше да биде составен дел на проектот со кој беше аплицирано на владиниот повик.

Меѓутоа нашата пресметка беше дека околу 23 милиони колку што очекуваме дека ќе чини атмосферската и фекалната канализација не можеме да добиеме од владата бидејќи го пречекоруваме онај утврден лимит од 135 евра по глава на жител на општината. Инаку проектот е завршен , е во фаза на добивање одобрение , износот е 23 мил ден со кои покрај фекална канализација за објектот во склоп на гробиштата , предвидена е и атмосферска канализација на цела површина. Во овие средства опфатени се и урбана опрема односно поставување на тоалети. Градски гробишта 30 години на површина од околу 60.000 квадратни метри нема тоалети освен тие во ресторанот и во капелата.– кажа Иваноски.

Исто така предвидена е и реконструкција и поставување на нови чешми на 11 локации низ гробиштата. Инаку изминатиов период во повеќе наврати од говорницата во градскиот Совет беа изнесени забелешки за одржувањето на градските гробишта со барања да се води поголема грижа за уредување на просторот и зелените површини.