Иницијатива за возобновување на Св. Климентовиот Универзитет
Членот од советот на градски татковци Стефан Буџакоски пред локалниот економски совет ја образложи својата иницијатива за возобновување на Св. Климентовиот универзитет.
Иницијатива за возобновување на Св. Климентовиот универзитет, но не оној кој се гради на Плаошник, туку институција која ќе ги обедини постоечките високо образовни институции во градов. Оваа идеја членот на Локалниот економски совет, Стефан Буџакоски, ја пезентираше пред советот на градските татковци. Бучакоски потенцираше дека ицијативата се темели врз основа на интегрирање на постоечките образовни институции на подрачјето на Охрид во еден универзитет и вклопување на универзитетот кој што ја има историската димензија. „Идејата произлегува од духовните вредности на Св. Климент преточени во едно современо концепиран начин на студирање во еден универзитет кој што ќе значи интегрирање и на потенцијалите од Р Македонија и пошироко, бидејќи Охрид се смета за место кој е магнет за привлекување, не само на гости туку и на научници.
„Идејата во однос на еден нов концепт значи дека тука би студирале студенти не само од Р Македонија и пошироко, во самата иницијатива се интегрирани повеќе факултети. Прво трансформирање на факултетот за туризам во два факултети, тоа е факултетот за еконономски науки и претприемништво и традиционлниот факултет за туризам и угостителство. Потоа трансформирање на универзитетот Св. Апостол Павле во универзитетот со сите постоечки факултети кои егзистираат во рамките на тој универзитет. Отворање на факултет за историски науки во кој би влегле археологија архивистика…“, истакна проф. д-р. Стефан Буџакоски,член на локален економски совет.
Буџакоски додава дека дел од универзитетот Св Апостол Павле би биле и факултетот за македонски јазик и книжевност каде покрај македонскиот јазик би се изучувале и јазици кои се битни и за другите факултети, како старомакедонскиот , старословенскиот, хебрејскиот , старограчкиот. Факултет за комуникологија и комуникациски техники, а би се отвориле и неколку институти кои би биле тренд не само во Македонија туку и пошироко. Овој универзитет спореде предлагачот би бил одличен за надарени студенти и учениците, но и новина во образовниот систем.
Буџакоски додава дека во овој возобновен Св Климентов универзитет многу голема улога би имал и Хидробилошкиот институт кој би влегол како образовна институција, со проширување на студиски програми што ќе значат пошироко навлегување во науката.
„Главниот заклучок е дека овој проект на Охрид ќе му биде привлечната сила бидејќи во Охрид ќе се концентрира лица кои ќе се занимаваат со наука и студенти кои покасно ќе ги распределиме во општеството и да ги поврзуваме меѓу себе со концептот на доживотно учење, на тој начин да се етикетираат добрите студенти и да се повлекуваат во прцесот“, истакна Буџакоски.
Буџакоски признава дека оваа иницијатива се темели на претходни многубројни консултации со преставници на образовни институции. Тој потенцираше и изјава на Академик Владо Камбоски кој кажал дека возобновениот Св Климентов универзитет за Охрид би значел движечка сила не само на економијата туку и на другите свери од општествениот живот.
Инаку според предлагачот овој универзитет нема да загрозува ниту еден универзитет, нити во Охрид ниту пошироко во Македонија. Идејата за возобновување на Св Климентовиот универзите беше добро прифатена од повеќето членови на локалниот економски совет. Сега останува да се види колку оваа идеја може законски да се спроведе.
{loadposition content9}