Skip to main content

Потребна е поголема грижа на државата за инклузија на децата со хендикеп

Децата со посебни потреби многу малку се вклучени во општествените процеси во државава, велат дефектолозите.Сеуште нема систем кој децидно би ги разрешил сите овие проблеми.

 |  Јаковлева Лионела  | 
plakat
плакат

Децата со посебни потреби многу малку се вклучени во општествените процеси во државава, велат дефектолозите. Проф. Д-р Зора Јачева, раководителот на институтот за дефектологија при филозофскиот факултет во Скопје вели дека уште од 1998 година започнале преку проекти да се борат со предизвиците наметнати од овој горлив проблем. Она што било лоцирано на терен е дека наставниците немале соодветна едукација за работа со вакви деца. Поради тоа заедно со трите ресорни министерства, министерството за здравство, образование и труд и социјала во иницијалното образование внесле задолжителен предмет, инклузивно образование со што наставниците стануваат компетентни за да се справат со оваа посебна категорија на деца. Втората бариера со која се справувале се децата врсници и нивниот однос кон децата со посебни потреби како и односот на нивните родители. И на крај архитектонските бариери. Проф. Јачева вели дека интензивно работат на отстранување на овие препреки на патот кон инклузијата на децата со посебни потреби и веќе изнашле метод како  истите да се надминат.цртеж

Она што е значајно е дека моделот што го промовираме е создавање мобилна служба на дефектолози која ќе4 произлегува од посебните училишта. Таа служба ќе трба да опслужува три училишта со по 27 деца, вели Проф. Д-р Зора Јачева, раководителот на институтот за дефектологија при филозофскиот факултет во Скопје.

Дефектолозите покрај во образованието треба да помогнат и во рехабилитацијата на овие деца. Покрај во основното образование овој модел е планирано да се спроведе и во средното, бидејќи според податоците со кои располага институтот за дефектологија многу е мал бројот на деца со посебни потреби кои се вклучени во средното образование, а уште помал на оние кои се вклучени во високото образование. Пoсериозен општествен, социјален, ментален и здравствен проблем преставуваат и децата со аутизам. Во Македонија се очекува да има 2040 лица со Канеров аутизам и 12 240 лица со аутистичен спектар на нарушувања. Аутизмот има растечка стапка на појавување од 10-17 % годишно.

Ни престои многу работа и нам но и на државата. Сега многу малку деца со аутизам се вклучени во општествениот живот. Можат да се избројат нарака колку од нив се инклузирани, вели Проф. Д-р Владимир Трајковски- претседател на македонското научно здружение за аутизам

Сеуште, велат стручњаците немаме систем кој децидно би ги разрешил сите овие проблеми. Тие апелираат ресорните министерства посериозно да се зафатата со овој проблем, а од буџетот на државата да се издвојат средства за инклузивните училишта. Бараат да се извршат интервенции во законската регулатива бидејќи како што велат овие деца заслужуваат да имаат еден квалитетен живот кој сите ние треба да им го овозможиме.

{loadposition content9}