Skip to main content

Сите деца се деца

Инклузивна игротека Радост отворена во Охрид

Под мотото „Сите деца се исти“ започна со работа првата инклузивна игротека во Охрид во просториите на комплексот касарна. Околу 20 деца со церебрална парализа ќе имаат место за игра, терапија и социјализација. Игротеката Радост е пилот проект на Здружението ВОПС Поддршка Охрид во рамки на програма финансирана од Европска Унија која се очекува во наредниот период да прерасне во Дневен центар за лица со попречености.
 |  инфодеск  | 
Инклузивна градинка радост

​Денес со работа започна игротека Радост, првата инклузивна игротека во Охрид. Во комплексот Касарна во оспособени простории за лица со попреченост, особено за деца со церебрална парализа, конечно се овозможува место за игра, терапија и социјализација. Под мотото „Сите деца се деца“ таму ќе се спроведуваат активности за дневно згрижување во текот на работната недела, ќе се организираат работилници за децата, но и за нивните семејства како процес на другарување и инклузија.

Анастасија Митреска, мајка на дете со церебрална парализа, среќна поради отворањето на игротеката, смета дека ова за неа ќе биде големо олеснување во секојдневните активности, можност за работно ангажирање и ослободување од стресот.

Секој момент си во некој стрес дали ќе има напад или не, и не можеш да ја оставиш со секого да ја варди, мора да има стручни лица со неа, што ќе можат да го препознаат тој напад. Но и финансиски е тешко бидејќи едниот родител е на работа а другиот родител мора да биде континуирано дома со неа, затоа што нема на кого да ги оставиме децата, со отворањето на овој центар ќе имаме можност за вработување дали на скратено работно време, тука или било каде.“, вели Анастасија Митреска.

Весна Гебелоска од Здружението В.О.П.С Поддршка Охрид носител на проектот, вели дека адаптирањето и опремувањето на еден ваков простор е заеднички успех на сите инволвирани, а во корист на психофизичкиот развој и инклузија на децата.

Децата конечно да излезат од дома, да овозможиме една средина која што ќе го поттикнува нивниот развој. За малите деца ова е од особено значење затоа што уште од мали нозе се социјализираат, многу полесно ќе можат да се вклучат и во образовниот процес а од таму нормално и во пазарот на трудот и тогаш зборуваме за една реална оствралива инклузија којашто денес ја имаме во речникот, меѓутоа за жал се уште не е достигната на нивото на кое сите сакаме да биде.“, кажа Весна Гебелоска.

Значењето на ваквите установи е огромно имаќи го предвид континуираното зголемување на бројот на деца со попреченост во државава, вели дефектологот Александра Сабрас Апостолова.

Бројката беше многу мала но последните 10 години станува се поголема некои од факторите се за време на пораѓај, начинот на исхрана а најповеќе би рекла стрес факторот, треба да се гледа на менталното здравје. Многу изгубивме време во правење на некои импровизирани нешта, а сега мислам дека со вакво нешто ќе можат да се згрижат и да бидат со другите деца со типичен развој и ќе може таа инклузија дека сите деца имаат способност за нешто.“, посочува Сабрас Апостолова.

Програмата за развој на Обеднитете нации УНДП е вклучена во спроведување на прокетот „Инклузивна игротека“ во чии рамки е игротеката Радост.

УНДП како организација посветена на инклузивноста во наредниот прериод ќе имплементира 40 слични проекти низ државава при што се очекува корист од ваквите активности да имаат околу 8000 граѓани.

Сите припадници на нашата заедница, членови на општество треба да имаат исти можности исти шанси исти права. Затоа ми е многу драго дека во оваа игротека, во која по иницијални проценки имаме околу 20 деца со церебрална парализа ќе имаат можност да си играат да се развиваат, да ги користат своите капацитети, да развиваат креативни можности што е многу важен дел од психофизичкиот развој на децата.“, истакнува Сања Бојаниќ – претставник од УНДП.

Во рамки на своите надлежности Локалната самоуправа го отстапи овој простор со очекување во наредниот период тука да се роди Дневен Центар за лица со попречености, истакна Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков .

Ние како Општина првиот чекор го направивме и она што беа наши простории како Локална Самоуправа и понатаму со одлука на влада ги даваме за да понатаму ова прерасне во дневен центар не само за оние коишто имаат потреба или оние за коишто е наменето со церебрална парализа туки и за сите останати категории за кои што е потребно да помогнеме.“, кажа Кирил Пецаков.

Проектот „Инклузивна игротека“ на здружението В.О.П.С Поддршка Охрид се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 која е финансирана од Европската Унија, а ја спроведува програмата за развој на ОН, УНДП.