Skip to main content

Инсајд ауто 15 години успешни

Инсајд ауто го одбележа својот јубилеј, 15 години опстојување на пазарот. Настанот доби печат, со предавањето на клучевите на трите возила од познатата марка Ситроен, како и трите скутери, од страна на сопствениците Митреви на Компанијата Лале турс.

 |  Николоска Биљана  | 
inside
инсајд

insideВо еден прекрасен амбиент и пригодна атмосфера во петочното предвечерје компанијата Инсајд ауто во  салонот на ул. 15 ти Корпус Охрид, го одбележа својот јубилеј, 15 години од постоењето на пазарот. По тој повод на Компанијата Лале Турс од страна на сопствениците на Инсајд ауто, семејството Митрески, им беа предадени клучевите од трите возила марка Ситроен и трите скутери. Снежана Митреска, сопственичката на авто салонот, нагласи дека соработката со клиентите во нивниот бизнис е на прво место и поради тоа цели 15 години опстојуваат на пазарот.

„Овој ден за нас е многу посебен значи одбележуваме 15 години од нашето постоење. Еве овој ден е баш за тоа посебен, мислам дека јавноста треба да знае што и како работиме и ова е цел и денес да дознаат со што работи нашата фирма. Почнавме со интернет кафе, потоа се проширивме со телекомуникациска дејност, и на крај се проширивме веќе осма година со продажба на автомобили – нагласува Митреска.

insideМитреска смета дека со добра организација и поставеност на работите може да се постигнат успеси со кои денес можат да се пофалат, а токму поради тоа веќе имаат идеи и планови за во иднина, за што Митреска не ги откри деталите.

„Никогаш не се знае почнавме со едно се проширивме со три нови бранши и се надевам дека ќе бидеме успешни и понатаму. Тајната на нашиот успех секако дека нема да ја откриеме, ќе откријам само еден мал дел, тоа што е препознатливо кај нас е што имаме добра комуникација со клиентите и им излегуваме во пресрет“ – вели Митреска.
 
Фамилијарниот бизнис на Митреви започна 1999 година во изнајмени простории во самиот центар на Охрид, каде беше отворено првото интернет кафе Инсајд. Во 2000 година Инсајд потпиша договор за соработка и застапување со светскиот лидер во областа на Интернет и телекомуникациите  – Net2Phone, од САД. Во Март 2011 година постигнат е Договор со Dynamix – Скопје за продажба на скутери и мотори. Во Април 2012 година започнаа и со продажба на познатиот светски бренд на возила Citroen. На синоќешниот настан присуствуваа голем број соработници и гости, кои наздравија во име на успехот на компанијата.

{loadposition content9}