Skip to main content

Екологија

Инспекциски надзор за еколошкиот инцидент во Охрид

Извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Државен Инспектор за животна средина за еколошкиот инцидент во Охрид.
 |  Голабовски Крсте  | 
Инспекциски надзор еколошки инцидент Охрид

Врз основа на добиена претставка од граѓани на платформата за пријави на ДИЖС, во 16.30 часот на ден 13.април-среда беше извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Државен Инспектор за животна средина, за еколошкиот инцидент во Охрид.

Инспекцискито надзор за еколошкиот инцидент во Охрид беше спроведен од инспектор од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Пелагониски и Југозападен регион, Канцеларија Охрид. Локација фудбалското игралиште во населба Воска кај вливот на реката Грашница во Охридското езеро. Константирано е дека од реката Грашница се влива матна вода во езерото. Најверојатно како последица на зголемениот водостој на водите по обилните врнежи од дожд и топењето на снегот.

Веднаш до фудбалското игралиште има два испусти за атмосферски води од кои во моментот на увидот течеше заматена вода. Истата веројатно е измешана со фекална вода од колекторскиот систем. Исто така направен е увид во препумпната станица во населба Даљан каде што станицата беше во функција.

Одведувањето на отпадните и урбани води е во надлежност на општинската инспекција. поради тоа беше известен овластениот инспектор од општина Охрид кој излезе на увид. Беа контактирани и надлежните служби од ЈП Колекторски систем кои излегоа на лице место. Тие во присуство на Државен инспектор за животна средина направија увид. Раководителот на општинскиот инспекторат и овластен инспектор за животна средина константирано беше дека од испустите не истекува никаква вода.

Потоа беше направен увид во препумпната станица во населба Даљан . Беше константирано дека нивото на отпадна вода во базенот е намалена. Од страна на стручните служби беше изјавено дека има дополнителна потопна пумпа која автоматски се приклучува. Беше извршен и увид и по текот на реката Грашница (Сушица) каде што водостојот е значително зголемен и водата е матна.

Години наназад, еколозите предупредуваат дека централната и локалната власт две децении ги игнорираат големите еколошки проблеми кои претставуваат сериозна закана за Охридското Езеро.