Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Пелагониски и Југозападен регион, Канцеларија Охрид во текот на пролетните месеци март-април извршил 7 инспекциски надзори во општините Охрид и Струга во хотелски објекти.
Од Државниот инспекторат за животна средина информираaт за констатираното при надзорите:
ГС ГРОУП ДОО увоз-извоз Охрид-Хотел АКВАЛИНА. Поседува Елаборат за животна средина. Отпадните води се поврзани на градска канализациона мрежа.
ХОТЕЛИ-Комплекс МЕТРОПОЛ АД Охрид. Поседува Елаборат за животна средина. Отпадните води се поврзани на градска канализациона мрежа.
Хотел-ИНЕКС ДРИМ АД Струга. Поседува Елаборат за животна средина. Отпадните води се поврзани на градска канализациона мрежа.
Хотел ГРАНИТ, Охрид. Поседува Елаборат за животна средина. Отпадните води се поврзани на градска канализациона мрежа.
Хотел ИЗГРЕВ-с.Калишта-Струга. Поседува Елаборат за животна средина. Отпадните води се поврзани на градска канализациона мрежа.
Хотел ДЕСАРЕТ Охрид. Поседува Елаборат за животна средина. Отпадните води се поврзани на канализациона мрежа.
ИНЕКС ГОРИЦА АД Охрид Хотел ИНЕКС ОЛГИЦА Хотел Спа. Поседува Елаборат за животна средина. Отпадните води се поврзани на градска канализациона мрежа.
Инспекцискиот надзор бил извршен согласно годишниот план за работа на инспекторатот.
Соопштението од ДИЖС доаѓа еден ден откако медиумите објавија за извештајот од Институтот за јавно здравје според кој хотелски објекти на крајбрежјето на Охридското езеро се посочени како загадувачи.