Инспекторите контролирале објекти од повеќе дејности
Инспекторите од неколку државни инспекторати имаа координирани контроли за време на празничниот продолжен викенд. Инспекторите од пазарната, трудовата и даночната инспекција заедно со екипите на МВР спроведоа координирани акции во охридски ресторани, ноќни клубови, маркети, бенизиски станици, информира Цветко Ристески, раководител на подрачната едница на Државниот пазарен инспекторат. Во охридски угостителски објект затекнати биле повеќе малолетни лица од Охрид и Струга, а утврдени биле и неколку посериозни прекршоци во неколку дејности.
„Кај еден субјект е констатирано непридржување кон работното време. Констатирано е дека продолжил со работа и по еден часот по полноќ. Изречена му е мерка прекршочна санкција согласно законот за угостителска дејност. Изречена е глоба и привремена забрана за вршење на дејност“-информира Ристески.
Трите ноќни клубови кои работат во Охрид поседувале валидна документација, информираат од државниот пазарен инспекторат. Пазарните инспектори не затекнале неправилности во нивното работење како што е случај со одредени ноќни клубови низ земјава кои работат без лиценци. Инспекторите покрај интензивните контроли на угостителските објекти за време на Првомајските празници, во континуитет ја следат и контролираат работата на трговците. Констатирано е стабилизирање на еуфоријата настаната со покачување на цените и предизвикувањето на вештачки недостаток на одредени прехранбени производи на рафтовите во продавниците и маркетите.
„Од извршениет контроли во поглед на почитување на владината одлука за определување на највисока цена или мерка за одредени производи и стоки констатно се врши надзор. Во последните 10тина денови забележано е стабилизирање на пазарот како со снабдување на основните прехранбени производи така и со нивните цени, кои предизвикуваа страв и несигурност кај граѓаните. Нема констатирани неправилности како на почетокот од месец април“-вели Ристески.
На охридско-струшкото подрачје направени се проверки и во работата на бензиските пумпи. Три бензиски пумпи заработиле прекршочни платни налози за точење горива со небаждарени мерила. Против нив се изречени прекршочни глоби и санкции по законот за метерологија.