Институциите подготвени, за зимското одржување на патиштата
Се подобрува состојбата на патиштата во делот на зимското одржување. Тоа е резултат на преземање низата мерки на сите надлежни субјекти, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Дсимоски на денешниот работен состанок ов хотел Амбасдадор Охрид. Воедно од секторот потсетија дека наближува и датумот за примена на законската обврска за задолжителна зимска опрема.
Општините Охрид и Дебрца подготвени за одржување на патиштата во претстојната зимска сезона. Сите надлежни субјекти инволвирани во одржување на безбедноста на патиштата во зимски услови преземаат мерки за поголема ефикасност, навременост, подобра координираност и информираност за состојбите со снежни врнежи на регионалните и магистрални патишта на целото подрачје што го покрива СВР Охрид. Набавени се доволни количини абразивни средства за зимско одржување на коловозите, дефинирани се приоритетните сообраќајници за целосно и беспрекорно одржување и чистење. Механизацијата е во добра кондиција и со употреблива дополнителна опрема за чистење на коловозот и на тротоарите. Јован Митрески раководителот на секција Охрид на ЈП Македонија Пат, вели согласно оперативната програма која ја предложиле, во Охрид ќе се делува по приоритети и тоа по прв и трет.
„Да напомнам дека во првиот приоритет на одржување на патишта ќе влезат магистралните патишта со нови ознаки, А-2 охридската секција ќе го одржува од Починка до Подмоље и А-3 кој што почнува од клучката Подмоље па завршува Делчево, но ние ќе одржуваме до Прентов Мост“.
Митрески нагласи дека и годинава согласно сугестиите на Агенцијата за патишта, ќе го одржуваат патот во должина од 9 км на Галичица односно до Корита, а од 15 Ноември забраната за движење после Kорита стапува на сила.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, нагласи дека и годинава ја исполнуваат својата должност како сектор, на граѓаните да им испорачаат безбедност во патниот сообраќај. Додаде дека важно е координирано да се направи чекор напред во делот на подигнување на безбедноста на патниот сообраќај.
„Зимската сезона 2012-2013 на подрачјето на Охрид случена е една сообраќајна незгода во која за среќа немало жртви, компаративно во зимската сезона 2011-2012 случени се 4 сообраќајни незгоди. Значи ова само по себе покажува дека се подобрува состојбата во делот на зимското одржување и навремено преземање на сите ингеренции на сите надлежни субјекти“.
Страшо Миленкоски командирот на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај потсетува дека наближува периодот за задолжително носење на зимска опрема. Сите моторни возила согласно законската обврска почнувајќи од 15 ноември заклучно со 15 март задолжително треба да поседуваат и применуваат зимска опрема надвор од населени места. Тој воедно предупреди и на санкционите мерки кои ги применуваат за прекршителите на обврската.
„Значи за непоседување на зимска опрема поициските службеници кога ќе констатираат таков прекршок надвор од населено место изрекуваат глоба во денарска против вредност од 15 евра, каде што нема да се регистрираат негативни поени и на возачот ќе му го прекинат понатамошното управување со возилото“.
Сите овие мерки, планови и заклучоци беа донесени на денешната работна средба во организација на СВР Охрид а на која присуствуваа претставници од општините Охрид и Дебрца, на јавните претпријатија, секторите за комунални дејности, сообраќај и улици, општинските инспекторати, и центарот за управување со кризи.
{loadposition content9}