Skip to main content

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид

Институциите и родителите на средба за поголема сообраќајна безбедност на децата

Средба на тема „Безбедноста во сообраќајот на малолетните лица“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид.
 |  инфодеск  | 

Денес во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски”- Охрид беше остварена средба меѓу претставници од СВР Охрид, Општина Охрид и родители-членови на советот на родители каде беше дебатирано на тема „Безбедноста во сообраќајот на малолетните лица“.

Од СВР Охрид велат дека подолг период се регистрираат поголем број на прекршоци од страна на малолетни лица и за жал бележи пораст на стапката на смртност кај овие лица, како управување на мопед без возачка дозвола, над дозволена брзина или без возачка дозвола, но и неправилно паркирање и неносење на заштитна опрема (кацига).

Врз основа на овие податоци, претставниците од СВР Охрид и Општина Охрид упатија апел до сите родители сериозно да пристапат кон овој проблем, како би можеле сите заедно да делуваме да се избегнат несканите последици: парични казни, упатување на деца и родители во ценатрот за социјална работа и да се избегне најстрашниот исход а тоа е несреќен случај со смртни последици, велат од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски”- Охрид.