Skip to main content

Голем интерес за возачка од „М“ категорија“

Голем интерес кај охриѓани за полагање за возачка дозвола  од националната „М„ категорија“.

 |  Маленкова Татјана  | 
motor
мотор

Започна со реализација проектот „ Безбедно управување со мопед„ наменет за учениците од 14 до 18 години. Интересот кај охриѓани очекувано многу голем. 15 годишната Ангела Ангелоска една од многуте, која побрза да се пријави.

„Претпладнево се пријавив во полициската станица. Дојдов со татко ми затоа што така мораше, за да ме Tatjana Malenkovaзапишат.Занам да возам мопед, се научив по сокачињата , но сега е многу полесно, затоа што ќе имам дозвола“, вели ученичката Ангела Ангелоска.

Проектот е дел од глобалната децениска кампања за зголемување на безбедноста на патиштата и истиот ќе им овозможи на младите полагање за возачка дозвола  од националната „М„ категорија. Проектот кој се спроведува под мотото „Време е за акција“,  има превентивен и социјален карактер, или малолетниците во право време се обучуваат на сообраќајните правила и прописи и тоа за симболична сума.

„До овој момент во ПС се пријавени 150 кандидати. Сите кои сакаат да се пријават, потенцирам дека мора да дојадат со своите родители“, вели командирот на ПС за безбедност во патниот сообраќај, Страшо Миленкоски.

Правилата за безбедност во патен сообраќај важат и за овој проект. Едно од нив е идните учесници во сообраќај задолжително да носат заштитна кацига. motori

Проектот, се реализира во соработка со училишните центри во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, како и во партнерство со авто-школите, испитниот центар-Кичево и со општинските организации на Црвениот крст. Учениците кои доброволно писмено ќе се пријават во сообраќајната полиција ќе им се овозможи полагање на испитот за само 310 денари, како и бесплатна обука од останатите партнери во реализацијата на проектот. Пријавувањето се врши според принципот „Прв дојден, прв услужен“,  што значи дека сите заинтересирани траба да побрзаат, затоа што во петте охридски Авто Школи ќе се сообраќајно ќе се образуваат 400 ученици.

{loadposition content9}