Интересни експерименти прикажаа охридските гимназијалци на отворениот ден по природни науки
Средношколците на забавен начин покажаа како лесно ја совладуваат наставата по предметите хемија и физика. Средното општинско училиште Свети Климент Охридски постојано ги осовременува кабинетите за изведување на наставата по сите природни науки.
Во пресрет на патронатот на гимназијата Св Климент Охридски во оваа училишна установа започнаа да се реализираат отворени денови по природни науки. Денес, учениците изведоа интересни експерименти по хемија и физика и покажаа дека со практична настава полесно се совладуваат природните науки. Маја, Катерина, Теодора, Евгенија, Климент, Петар, Лука , Андреј беа дел од тимот физичари кои покажаа дека полесно се учи преку забава и експериементи.
„ За физиката има стереотипи дека е тешка и невозможна за учење. Но, ако од почеток видиме колку интересни работи се случуваат околу нас и се е физика, тогаш се јавува голем интерес кај учениците, а и менторите многу придонесуваат навистина да ги сакаме да ги изучуваме природните науки“, вели Маја Наумоска, ученичка во прва година, која изведе интересен експеримент како амперовата сила влијае врз затворен струен круг.
Ангела Ефтимова заедно со средношколките Нела, Ангела и Јана,пак, како дел од тимот хемичари, изведоа хемиски процес на поцинкување и легура од месинг на бакарна паричка. Напоменуваат дека учениците ги сакаат природните науки.
„Со оглед, колку повеќе ученици има на природните смерови тоа е доказ дека за изучување се повеќе ги влечат природните науки“, вели Ефтимова.
Во процесот на подготовка на експериментите од природните науки учениците имаа поддршка и од своите ментори, професорите по хемија и физика. Марија Силјаноска , професор по физика , вели дека настојуваат да ги вметнат експериментите во секојдневната настава. Така доаѓаат до израз креативноста и љубовта кон науката, физиката и хемијата, но и по другите предмети, напоменува Силјаноска.
„Тоа е поинтересениот и полесниот начин учениците да ја совладуваат наставната содржина и исто времено да уживаат и да се здобиваат со знаења, нагласува Силјаноска.
Гимназијата „Св Климент Охридски“ постојано обезбедува современи услови во кабинетите за изведување на практични експерименти како дел од наставата по природни науки.