Skip to main content

ЈЗУ Општа болница Охрид

Интерното одделение доби донација – апарат за мерење на масното ткиво

Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид доби вредна донација – апарат Body composition analyzer Inbody 270.
 |  инфодеск  | 

На одделението за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа Болница Охрид беше дониран апарат Body composition analyzer Inbody 270, кој се користи во Центрите за обезност во нашата држава и е наменет за мерење, анализа и следење на процентот и видот на масното ткиво, процентот на мускулна маса и количината на вода, пред се кај пациенти со обезност.

Апаратот исто така дава прецизни податоци за телесната тежина, индексот на телесна маса, прави проценка на здравствените ризици и овозможува нивно следење во одредени временски интервали.

-Со ова се овозможува Центарот за дијабет воедно да функционира и како Центар за обезност при што овој апарат значајно ќе придонесе за квалитетот на третманот на пациентите., се вели во соопштението на ЈЗУ Општа болница Охрид.