Skip to main content

Од интимна желба на неколкумина, до изложба-Охрид, слики од минатото

Стари рибари, чунови, хотели кои веќе не се тука, охридската калдрма, каналот, стари охридски фамилии. Од интимна желба на неколкумина љубители на фотографијата, до цела една изложба.

 |  Мишел Наумоски  | 
cun
чун

Охрид од времето кога Гимназијата беше на крајот од градот. Некои го знаат како изгледал, некои не. Постарите ќе се потсетат на местата каде пиеле кафе и муабетеле некогаш, помладите ќе видат како изгледал нашиот град порано. Ова не е веќе само желба. Фејсбук групата „Охрид-слики од минатото“ која од своето формирање привлече огромно внимание кај граѓаните ќе добие и своја физичка форма. Мала селекција од четириесетина слики постирани во оваа група, испечатени ќе бидат дел од изложбата наречена токму така…„Охрид-слики од минатото.“ Стари рибари, чунови, споменици, чаршијата, дуќаните, занаетчиите, верските празнувања, старите охридски фамилии се само дел од историскиот исечок кој ќе биде дел од оваа изложба на фотографии.

izlozba Patcev„Самата група е формирана спонтано со постирањето на првите слики и благодарение на Никола Зафировски кој пред речиси пет години, во Јануари 2010та година ја постира првата слика, потоа спонтано се јавуваа луѓе, постираа свои слики од свои домашни колекции и така се ширеше групата и фотографиите, меѓутоа еве денес можам да се пофалам дека групата има некаде над 5.500 членови и преку 2000 фотографии.“-вели Горан Патчев, еден од администраторите на фејсбук групата, „Охрид-слики од минатото“.

Изложбата на овие стари фотографии, не е само обична изложба. Патчев вели дека благодарение на овие фотографии се направени и некои интересни откритија.

Ohrid sliki od minatoto„Од првите фотографии кои се појавиле во Охрид од 1860та до некаде после војната, има од различен период фотографии. Јас сум изненаден колку многу фотографии излегоа од приватните колекции, дури колекцијата е толку голема што како професионалец од Завод и Музеј, конзерватор, од толку голем број на фотографии кои носат разни информации и во однос на историски настани, мене лично како архитект во однос на архитектурата, конзервацијата, враќањето на стариот сјај на некои објекти кои постојат и од сакрален карактер и од приватни објекти.“-рече Патчев.

Изложбата на стари фотографии која е поставена во куќата на Уранија се случува на иницијатива на општина Охрид, односно на Ѓоко Апостолов, а благодарение и на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Македонската академија на науките и уметностите и печатницата Џани, а пред се благодарение на администраторите на фејсбук групата „Охрид слики од минатото“ . Воедно изложбата се организира по повод празникот „Свети Климент Охридски“.

{loadposition content9}