Инвестирањето во патна инфаструктура значи инвестирање во безбедноста
Инвестирањето во патна инфаструктура значи инвестирање во безбедноста, времето, достапноста и економскиот развој на општината, истакна на денешната прес конференција, истакна на денешната прес конференција, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобар живот“ Митко Тилевски.
„Изминатите години посветено работевме на изградба на квалитетна патна инфрастуктура. Изградени се 86 патишта во должина од 35 километри.Продолжуваме со работа која носи подобро, истакна на денешената прес конференција Митко Тилевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
„Приоритетни проекти, комплетна реконструкција на Булевар „Туристичка“. Овој проект опфаќа, реконструкција на коловозот, атмосферска канализација, водоводна мрежа по потреба, изградба на пешачка и велосипедска патека, хортикултурно уредување. Понатаму ќе се започне со изградба на улиците: „Абас Емин“, „Јордан Мијалков“, „7 Ноември“, „Јане Сандански“, „Прва македонска ударна бригада“, како и реконструкција на улиците „АСНОМ“ и „Егејска“, рече Митко Тилевски – кандидат за градоналаник ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“.
Во план е и асфалтирање на улицата „Св. Кирил и Методиј“ од Горна порта до Дрвара како и асфалтирање на улицата „Партизанска“ и изградба и одржување на локални патишта, поплочување и одржување на тротоари и улици, рече Тилевски и притоа најави и асфалтирање на голем број улици во градот и останатите делови од општината.
„Асфалтирање на улиците „Александар Турунџе“, „Прилепска“, „Будва“, „Анастасија Узунова“, „Дејан Војвода“, „Стив Наумов“, „Дебарца“, населба Бејбунар, „Даме Груев“, „Ванчо Питошески“, „Охридска бригада“, асфалтирање на пат од Љубаништа до Караула, уредување и асфалтирање на улици во Љубаништа, Трпејца, Пештани, Долно Коњско, Лагадин, Свети Стефан, Велестово, Рамне, двете главни улици во Рача, Подмоље и Орман“, потенцираше Митко Тилевски – кандидат за градоналаник ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“.
Тилевски најави и асфалтирање на локален пат кој поврзува три места Долно Лакочереј, Горно Лакочереј и Лескоец и асфалтирање на улици во Велгошти, Лескоец, Косел, уредување на улици во Вапила, Ливоишта, Завој, Свињишта, Опеница и Плаќе, како и реконструкција на камени плочи на улици во стариот дел на градот.