Skip to main content

Преставени членовите на ИO на ОО на СДСМ

Обелоденети членовите на новиот Извршен одбор  на општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во ова партиско тело е направен спој на енергијата на младите и искуството на повозрасните членови на партијата, рече Томислав Тунтев, претседателот на огранокот. Тој вети водење конструктивна политика, поддршка за сите квалитетни проекти кои се во интерес на градот без разлика од кого и од каде доаѓаат.

 |  Јаковлева Лионела  | 
OO SDSM Ohrid
oo sdsm

Претседателот на ОО НА СДСМ, Д-р Томислав Тунтев денес во јавноста ги престави 18те членови на новиот Извршен одбор на СДСМ.

ИО на СДСМ Охрид го сочинуваат:

Д-р Ацо Велевски, специјалист во Коснозглобна (поранешен претседател на ОО СДСМ Охрид)
Сашо Ставрески – професор по физичко образование
Дарко Стевоски – инженер
Ристе Недески – правник
Перо Малески – вработен во Заводот за кардиологија
Климе Ставрески – стопанственик
Васко Паскали – правник
Александар Кузески – правник
Денис Мурат – правник
Даниел Радески – дипл јавен администратор
Никола Галиот- дипл. менаџер по туризам
Љупка Иваноска – менаџер по осигурување
Марија Ристеска – проф.по книжевност
Христина Гогоска – дипл.политиколог
Леонора Новеска – дипл.економист
Д-р Лидија Заричинова – офталмолог
Славица Малеска – фармацевт
Елизабета Русеска – правникOO SDSM Ohrid

Извршниот одбор е симбиоза на истакнати партиски активисти но и на млади сили кои со својата  енергијата и ентузијазам треба да внесат свежина во партијата, рече Тунтев.

При изборот на потесното раководство се раководев во тимот да има луѓе кои имаат жар, кај кои можам да ја препознаам енергијата што сакам да ја вложат целосно за доброто на СДСМ во Охрид. Тоа како можност, како квалитет, како потенцијал го видов најмногу во младите. Во Извршниот одбор има 10 млади луѓе и на тој начин, праќаме сигнал до охриѓани дека СДСМ верува во младите и ќе ја промени политиката која досега ја имаше кон младите и дека е најдобро, квалитетот да се бара кај младите, но и енергијата од поискусните да ја канализираме и да ја насочиме онаму каде што мислиме дека е најпотребно, изјави Тунтев.

За да изградиме здрава основа за политичко делување со работа почнуваме од нула, подвлече претседателот на ОО. Тој најави конструктивно политичкото дејствувањеи  поддршка за сите квалитетни проекти кои се од интерес за градот, без оглед од кого и од каде доаѓаат. Тунтев рече дека нивната  критика ќе биде издржана, а политичка борба со ривалите ќе се води фер.

Ова е еден многу тежок период за една партија која е во опозиција. Но тоа има и предности бидејќи сега сите членови кои ќе влезат во СДСМ ќе влезат заради блискоста на нивните лични ставови со ставовите на партијата, а не заради некакви лични интереси, подвлече Тунтев.

Приоритет на новиот ИО на ОО СДСМ ќе биде изработка на програма на огранокот. Најавија повеќе проектите кои ќе се реализираат во наредниот период. Еден од нив е „Волонтирај во СДСМ“ кој ќе се фокусира на младите, истакна Тунтев. Во текот на наредниот период ќе следува формирање на месните организациии на СДСМ во кои ќе има луѓе кои поседуваат квалитети.  Претседателот подвлече дека општинската организација ќе се постави на здрави темели, а тоа е енергијата на младите и искуството на повозрасните членови.

Ние во никој случај не се откажуваме од повозрасното членство. Напротив, ќе го стимулираме повторно активно да се вклучи во партијата. Ќе направиме кохезија на конструктивни сили, а за деструктивните нема месо во СДСМ, рече претседателот.

Во наредниот период се очекува партијата да најде соодветно просторно решение за нивното седиште. Од наредната седмица, новото раководство на СДСМ, ќе оствари и официјални средби со сите политички партии коишто делуваат на локално ниво.

{loadposition content9}