Skip to main content

Соработка на ИПА Охрид со младите

ИПА ОХРИД и Локалниот совет на млади потпишаа Меморандум за соработка

Меморандумот за соработка има цел воспоставување и промовирање на партнерска соработка на полето на едукација на теми од областа на безбедноста, поттикнување на младинскиот активизам на безбедносен план.
 |  инфодеск  | 

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид (ИПА ОХРИД) и Локалниот совет на млади (ЛСМ) при општина Охрид, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот што го потпишаа претседателот на ИПА Охрид м-р Стефан Димоски и Игор Јосифоски, претседател на ЛСМ, е знак за меѓусебно пријателство со цел, јакнење на комуникацијата меѓу двете страни потписнички и воспоставување на системска меѓусебна соработка за едукација на теми од областа на безбедноста.


„ Меморандумот за соработка има цел воспоставување и промовирање на партнерска соработка на полето на едукација на теми од областа на безбедноста, поттикнување на младинскиот активизам на безбедносен план со цел јакнење на нивната безбедносна култура, поттикнување на младите за поефикасно и поефективно учество во едукативни безбедносни проекти и кампањи.“ – изјави претседателот на ИПА Охрид, Стефан Димоски.


На пригодната свеченост, претседателот на Локалниот младински совет, Јосифоски, рече дека потпишаниот меморандумот со Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид (ИПА ОХРИД), значи поддршка на младите за унапредување на младинското организирање, организирање корисни практични тематски работилници од областа на безбедноста, јакнење на младинските компетенции и знаења од безбедносна сфера и практична настава од интерес на младите и секако на членовите на Локалниот совет.