Skip to main content

ИПА Охрид реализира уште една успешна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда

Годинава, учествуваа 120 велосипедисти од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.
 |  инфодеск  | 

Викендов, Интернационалната полициска асоцијација Охрид,  во рамките на ИПА вело викендот „На точак Охрид и Струга да видам”, ја реализира велосипедската тура Охрид-Струга-Радожда. Годинава, учествуваа 120 велосипедисти од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Рекреативното возење се одржа во саботата а ден пред тоа, беше отворен ИПА ЕКСПО ВЕЛО штандот на кој, учесниците ги поздрави и во името на Советот на општина Охрид им се обрати советничката Ана Крстеска. Таа го истакна значењето на иницијативата на ИПА Охрид за велосипедско поврзување на Охрид и Струга со современа и безбедна вело патека од која, бенефит би имале економијата и туризмот на двата крајезерски градови, хотелско туристичките работници , сите граѓани и туристите. Реализацијата на иницијативата, високо би ги издигнале Охрид и Струга, на светската вело мапа и силно би придонеле за развој на туризмот, истакна Крстевска.

Пред учесниците на вело турата, се обрати и м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид кој кажа дека, кај граѓаните и вело асоцијациите од регионот и Македонија, се повеќе расте интересот за вело турата и дека цела армија велосипедисти ја подржуваат иницијативата на ИПА Охрид за изградба на современа и безбедна вело патека помеѓу Охрид и Струга. Димоски кажа дека поддршката од локалните самоуправи  се значајни во тој поглед и дека се потребни понатамошни конкретни чекори од надлежните и на централно ниво за почеток на изградба на велосипедската патека.


Во рамките на ИПА ВЕЛО ЕКСПО, младите волонтери од Црвениот крст од Охрид, имаа презентација на давање прва помош при пад од велосипед а медицинска екипа од Црвениот крст, со амбулантно возило ги придружување велосипедистите. За сообраќајната безбедност на велосипедистите на целата траса, се погрижија полициските службеници од сообраќајната полиција при СВР Охрид.