Skip to main content

Иницијатива – Велосипедско поврзување на Охрид и Струга и кон туристичките населби Пештани и Радожда

ИПА Вело викенд „На точак, Охрид, и Струга да видам“

Седма рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда со која, постојано се реафирмира идејата од 2016 година на ОСБСП за велосипедско поврзување на двата крајезерски града и туристичката населба Радожда како и вело конекција Охрид-Св.Стефан-Пештани.
 |  инфодеск  |  ,
ИПА вело викенд

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, на 24 јуни 2023 година организира ИПА ВЕЛО ВИКЕНД „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ”. Тоа е традиционалната, овој пат седма по ред, рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда со која, постојано се реафирмира идејата од 2016 година на тогашниот Општински совет за безбедност во сообраќајот (ОСБСП) за велосипедско поврзување на двата крајезерски града, Охрид и Струга и понатаму кон туристичката населба Радожда како и вело конекција Охрид-Св.Стефан-Пештани, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека.

„Сметаме дека, овие проектни иницијативи, имаат непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. На овој начин, ИПА Охрид прави свој обид за промовирање на Охрид, Струга и на целот крајезерски регионот во целина, како атрактивни туристички и вело дестинации што значително ќе ги издигнат на светската вело туристичка мапа. Со ова, упатуваме порака до двете општини, конечно и сериозно да се заложат, велосипедското поврзување пред се, на Охрид до Струга и кон туристичките населби Пештани и Радожда, да станат реалност.„ – вели М-р Стефан Димоски, Претседател на ИПА ОХРИД.

Централниот вело настан во рамките на ИПА ВЕЛО ВИКЕНД „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ”, ќе се одржи на 24.06.2024 година (сабота) во 08 часот, ќе се тргнува од градското пристаниште во Охрид и, со надеж за добро време, ќе се вози по крајбрежието на Охридското езеро, по стариот пат Охрид-Струга. Во 08.45 кај „ЕВРО ХОТЕЛ”, е предвидена средба на охридската со струшката вело група а потоа, заеднички ќе се вози низ живописните зелени предели кај Калишта, хотелите „Бисер”, „Изгрев” и „Макпетрол” до преубавата Радожда. По краткото дефиле, предвиден е доручек на брегот на Охридското езеро во ресторантот „Динга”, ИПА пријател од каде има неповторлив поглед кон езерските синила и планинската убавица Галичица.

„Возењето велосипед е љубов, потреба, незаборавна авантура и неповторливо доживување. Во време кога државите градат велосипедски автопати, редно е и во охридско-струшкиот регион на Македонија, да имаме безбедни вело патеки а не, да возиме покрај автомобилите, автобусите и камионите и да се ставаме во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот. Не сакаме повеќе жртви-велосипедисти на небезбедните патишта во регионот, на кои нема ни трага ни глас од вело патеки означени со современа хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација.“ – велат организаторите.

Ги повикуваат сите членови на ИПА Охрид и ИПА Македонија, членовите на ИПА националните секции од соседните земји, од збратимените ИПА градови, сите вело клубови од Охрид, Струга и Македонија, сите граѓани вљубеници во велосипедскиот туринг, да се придружат на претстојниот ИПА ВЕЛО ВИКЕНД „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ”.

„Во сабота, да бидеме најбројни и да создадеме долга вело колона од Охрид кон Струга и Радожда и да испратиме силна порака до надлежните дека сме армија велосипедисти која бара современа велосипедска мрежа во најатрактивниот регион во Македонија.“ – порачуваат од ИПА ОХРИД.

Инфо и пријавување кај Бојан ИПА координаторот за Охрид, вибер +389 75 329 323