свр охрид
Исчезна охриѓанец
Во СВР Охрид е пријавено исчезнувањето на 63 годишниот В.Ќ. Се замолуваат граѓаните, доколку некој го видел да се јави на 075/424-255.
На 22.03.2022 година во СВР Охрид пријавено е дека В.Ќ. (63) од Охрид се оддалечил од семејниот дом. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање, информираат од СВР Охрид.
Ќосески бил излезен на пешачење, облечен во темно сина јакна, темно сиви фармерки, плави патики, носел плетено капче. Виден е на градскиот кеј, во близина на хотел „Тино“.
Се замолуваат сите граѓани, доколку го виделе или имаат информации кои можат да помогнат за негово пронаоѓање, веднаш да се јават на телефонскиот број 075/424-255.


