Исчезнува рисот од НП Галичица
Балканскиот рис во Македонија пред исчезнување. Според експертите најголеми причини за критичното ниво кое го достигна популацијата на оваа ретка дива мачка се недостигот од храна и криволовот. Додека пак еколозите велат дека вината треба да се бара кај човекот, односно деградација на живеалиштата на рисот.
Популацијата на Балканскиот рис во Македонија, на критично ниво, односно пред исчезнување. Македонските експерти укажуваат дека според последната анализа во 2015 год што е направена на Европско ниво по земји, вклучувајќи ја Македонија, постојат сериозни закани за популацијата на рисот.
„Проблемот со рисот во НП Галичица е поврзан со криволов и со недостиг на храна иако овде сакам да изјавам дека НП Галичица е единствен во Македонија од трите постоечки кои навистина го забранува ловството како една активност постоечка“
Од Македонското еколошко друштво кажаа дека на подрачјето на РМ останале 20 возрасни единки, од Европскиот вид на рис. Последниве години на НП Галичица немале сликано рис, ниту пак камерите во НП регистрирале, што пак не значи дека нема рис, бидејќи дел од мештаните во границите на паркот кажале дека сепак рисот го среќаваат, посебно на севернатга страна од паркот. Од таму кажаа дека НП Галичица е добро живеалиште за рисот, има добар плен, бидејќи таму имало дива коза и срна. Исто така од таму сметаат дека паркот треба да се остави на мир, без да се планираат активности на човекот бидејќи тоа всушност е најголема закана за овој вид на дива мачка. Со ваквото мислење воопшто не се согласува проф. Петковски.
„Проблемот со рисот не е изградба на Ски центар, проблемот е многу подлабок и мора да направиме една подлабука историска анализа ако сакаме да ја сочуваме популацијата на рисот иако во декември статусот на Балканскиот рис беше подигнат на повисок ранг и влезе во зоната на видови по закана во трите категории“
Рисот во НП Галичица главно се храни со дивиот зајак, а популацијата на срната е мала. Проф. Петковски смета дека треба да се реинпродуцира еленот лопатар кој во минатото бил присутен во НП, бидејќи се покажало дека овој вид успешно се размножува. Петковски додава дека и државата подготвува заштитни мерки со цел да се справат со овој проблем, и да се зачува рисот односно имало Владина иницијатива да се изгради репродуктивен центар. Други закани кои се забележани на ниво на Македонија се, малубројната популација и малиот репродуктивен потенцијал, редукција на пленот како резултат на криволовството, деградацијата на стаништата во кои живее рисот и нелегалното сечење на шумите. Фрагментирање на стаништата и дисконтинуираност на биокоридорите преку разни инфраструктурни елементи.