Skip to main content

Исчезнуваат свадбарските обичаи кај муслиманите

Изумираат бројни  ритуали поврзани со свaдбарските обичаи кај муслиманите од  овие простори.

 |  Валентина Неловска  | 
слики свадба
слики свадба

Изумираат бројни  ритуали поврзани со свaдбарските обичаи кај муслиманите од  овие простори. Скоро и да ги нема бричењето на зетот, каносувањето на невестата, играта филџан или подарокот накитен овен,  како дел од адетите кај муслиманите во Октиси. Многу од ритуалите кои се практикувале со векови денес  скоро и да не постојат. Глобализацијата и новото време ги збришаа некогашните обреди и кај муслиманите. За да не паднат во заборав некогашните верски обичаи поврзани со свршувачките и свадбите кај муслиманите од Октиси, ги запиша во книга октишанецот, Абас Цаноски.  Свадбите некогаш биле единстениот џумбуш кој се правел во зима кога печалбарите биле дома. Подготовките за свадбата траеле и по две недели, а  џумбушот  траел  по четири дена. Прстенот се давал во недела, а свадбата се одржувала во четврток. Претходно прстенарките, девојчиња на 10 тина години,  ја објавувале свадбата пеејќи ја песната „Прстен ти падна Нешо“. 

цаноски Се применувале бројни адети за подготовка на невестата за да замине во новиот дом, а еден од нив бил и обичајот бојари. Невестата од нив добивала к`на се бојадисувала и дотерувала, а кога ја земале од домот ја покривале со дулак. Во зависност од патната  инфраструктура се земала со коњ или во покриена кола,  придружувана  од 8 деверици , раскажува Цаноски.
Посебни ритуали имало и при подготовките на младоженецот. Еден од обиачите бил бричење на зетот, потоа таткото го заигрувал орото, а подоцна кон овој ритуал почнале да се приклучуваат и жените. Обичај бил семејстото на младоженецот да ја  подготвува нозбата или чеизот  за невестата.

Цаноски смета дека сегашните свадби се само една женска забава во хотел за да се потроши некој денар, но за жал ништо не се прикажува од тие обичаи. Младите денес не покажуваат интерес и се помалку иронични кон овие обичаи, вели Цаноски. Додава дека носталгија по некогашните обичаи има кај повозрасната генерација која сеуште ги памети верските ритуали.
Авторот Цаноски  ја издал и  книгата „Моите пријатели“, посветена  на пет парови, пријатели од неговата  младост. За да не паднат во заборав трајно ги запишува пријателствата  кои траат повеќе од 5 децении.    

{loadposition content9}