Skip to main content

Јп нискоградба охрид

Исчистен цврст отпад на ул. Даме Груев депониран од несовесни лица

Ваквото третирање на цврстиот отпад од страна на граѓаните и правните лица при вршење на градежни работи доведува до запушување на канализационите линии кое пак се рефлектира на нормалното третирање на отпадните води и појава на дефекти.
 |  инфодеск  | 
Даме Груев

Екипите на ЈП „Нискоградба Охрид“ денеска исчистија цврст отпад при вонредна активност за чистење на ревизионни шахти на улицата „Даме Груев“.

Повеќе пати сме апелирале за совесно постапување со цврстиот отпад и правилно депонирање на истиот, но совеста не е на наша страна. Ваквото третирање на цврстиот отпад од страна на граѓаните и правните лица при вршење на градежни работи доведува до запушување на канализационите линии кое пак се рефлектира на нормалното третирање на отпадните води и појава на дефекти. Освен загрозување на здравјето на луѓето и животната средина повлекува и големи материјални трошоци за санирање на истите кое пак од друга страна значи и кратење на некои планирани инвестиции во инфраструктурата – велат од ЈП „Нискоградба“.

Даме Груев

Од Јавното претпријатие повторно апелираат граѓаните да обрнат поголемо внимание при складирање на цврстиот отпад. „Доколку забележите вакви појави на вашите улици евидентирајте ги и испратете на нашата ФБ страна, па така заедно да придонесеме за поубав и почист град“, додаваат оттаму.