Skip to main content

Акција

Исчистено дното на Охридското езеро кај Трпејца

Од дното на езерото била извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети, бојлери, телевизори и покуќнина.
 |  инфодеск  | 
Акција за чистење на Охридското езеро

Согласно годишната програма за 2022 на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, се одвиваше акција за чистење на дното на Охридското езеро кај Трпејца.

Акцијата ја реализираше „Клубот за подводни активности“.

Акција за чистење на Охридското езеро

Како што информираат од дното на езерото била извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети, бојлери, телевизори и покуќнина.

Целта на акцијата е заштита на Охридското езеро и подигање на јавната свест.

Акција за чистење на Охридското езеро
Акција за чистење на Охридското езеро