Skip to main content

Исечено стебло и гранки во коритото на Коселска Река опасност од нејзино излевање

Исечено стебло и гранки во коритото на Коселска Река опасност од нејзино  излевање.

 |  Валентина Неловска  | 
река
река

Исечено ореово стебло и фрлени гранки во речното  корито опасност да се излее  Коселска Река. Во близина на село Орман екипи на ЕВН  ги исекле стеблото и гранките и истите ги оставиле во речното корито каде се попречува водотекот. Неодоговорното однесување на екипите и доаѓањето на есенските дождови може да предизвикаат поплави од речното излевање, вели земјодeлецот од Орман, Ванчо Стојаноски. Сега стравува да не се повторат поплавите од пред две години.

„Повеќе од еден месец вработените од ЕВН кои ја одржуваат трасата од далеководот од Охрид, Орман и Лакочереј, пресекоа еден орев и гранки, а оревот е забранет за сечење со закон, стојат на куп преку реката. Ние од искуство знаеме што може да се случи. Една мала врба пред неколку години го попречи речното корито и го поплави просторот па се до кожарата се создаде едно големо езеро“.
река
Стојаноски во два наврати се обидел да стапи во контакт со наделжните од ЕВН во Охрид. Со фотографии од терен  сакал  да ги информира претпоставените од ЕВН да интревенираат да се ичистат гранките и стеблото, но залудно. Стојаноски е зачуден од нивниот несоодветен однос кон граѓаните, нивни потрошувачи. При тоа им кажал дека помош за решавање на ситуацијата ќе бара од медиумите.  Ванчо Стојаноски за помош се обрати до нашата редакција, а ние пак образложувајќи ја ситуацијата го исконтактиравме портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески. Ковачески кажа дека законски нивните екипи се должни да ги отстранат стеблата кои се посадени веднаш под далноводите, а за конкретниот случај вети решавање на проблемот.

„ Екипите беа таму не можеа да ја дисплоцираат гранката. Но, веднаш штом на терен ќе бидат створени услови ќе ги отстранат. Наша обврска е да ги одржуваме далноводите, но тоа не значи на други да им се направат проблеми. Сигурно е дека ќе ја расчистат гранката.“       
река
Стојаноски кажува дека со години преку ЕД „Грашница“ барале од институциите редовно да ги чистат речните корита, но тоа се направило од кога дошло до излевање на речното корито. Стојаноски апелира и до останатите надлежни инстиуции посериозно да се однесуваат кон речните корита и редовно да ги чистат.

„ Нашите заложби се, од вливањето на Коселска река во езерото па се до Лакочереј и Косел, реката да се чисти соодветно. Скоро секоја година има по неколку пати обилни дождови и изненадени сме какви излевања се случуваат на Коселска река. Апелираме до надлежните во Министерството за земјоделие да го прочистат коритото на реката, тука е и Грашница. Последиците ќе не чинат 10 пати или 100 пати повеќе од редовното чистење на речното корито. “

Во последните 10 години на Коселска Река имаше 7 пати големи излевања и поплави, потсетува  Стојаноски. Раскажува дека при последната поплава како последица од неисчистеното  речно корито,  Коселска Река,  поплавила над 40 хектари земјоделска површина со раноградинарски култури предизвикувајќи огромни матријални штети на земјодлеците, но и на домовите на орманци.

{loadposition content9}