На 21.11.2022 година во 02:05 часот, во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III”, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид.
Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.