Skip to main content

Испечатена првата сликовница на турски јазик

Во рамки на кампањата „За сите деца“, промовирана е првата сликовница на турски јазик во градинката Росица. Целта е да се негуваат и научат правилните животни навики за добро однесување, што се стекнуваат до 6 годишна возраст, за да останат како трајни вредности.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Ѕвони Ѕвон за Бон – Тон и на турски јазик. Дечињата од турската група од објектот Росица, при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, ја добија на подарок оваа сликовница на нивен мајчин јазик. Преку оваа сликовница се отвора нов прозорец кон светот, а исто така можност за нови знаења и квалитетно поминато време на родителите со децата, изјави магистер Нермин Теловска, логопед.

„Како логопед за жал во последно време сум сведок на појава на говорни јазични проблеми кај децата и сметам дека овој период предучилишен кај децата кога уште мозокот и нервниот систем кај децата се пластични и спремни за промена за учење на нови поими и нови знаења но исто така и развој на еден правилен изговор на сите гласови и правилен јазичен развој кај децата. Среќна сум тука што децата убаво не дочекаа со убава приредба токму од овој прирачник“ – вели Теловска.

Директорката на градинката Розе Костеска истакна дека овој прирачник е испечатен во 2014 год на македонски јазик, во рамки на проектото Бон – тон однесувај се убаво и пристојно. Целта е да се сочуваат и негуваат убавите навики како трајни вредности.

„Прирачникот бон – тон опфаќа 16 содржини за правилно однесување на децата во различни средини. Навистина задоволство е да се гледа како децата со задоволство го работат овој проект и после две години ги добивме очекуваните резултати, бидејќи децата се однесуваатг правилно и знаат да почитуваат, да бидат пристојни – истакна Костеска.

Дечињата од турската група низ игра, песна и глума презентираа дел од содржините на прирачникот. ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ заедно со секторот за образование е носител на проектот БОН ТОН – однесувај се убаво и пристојно во чии рамки е изработен и прирачникот.